Шамар за отрезнување и на Мицко, но и на сите политичари заради кои младите заминуваат без да се обѕрнат

Повеќе е од јасно дека Мицкоски е одлепен од реалноста и дека глумењето лудило, често, не е глумење. Не постои дилема дека тој и неговата влада се главна причина за егзодусот на младите од државата, исто како што никаква алиби-стратегија на таа тема не може да ја прикрие неговата патолошка мизантропија.
И затоа кога во еден момент ќе рече: „Младите не смеат да ја доживуваат државата како место од кое треба да заминат за да успеат, туку како место каде можат да ја реализираат својата иднина“, веќе со следната реченица се демантира себеси, соголувајќи ја омразата која не секогаш може да ја контролира: „Не можеме да бараме времена работа некаде во некои туристички земји, да контрибуираме во таа локална економија неколку месеци во годината и да плаќаме таму даноци, а да бараме од нашиот здравствен систем овдека бесплатно здравствено осигурување“.
Празната државна каса и неговата опседнатост со пари, се причина што без срам сака на младите да им го извлече и последното евро, последниот долар заработен за време на летните месеци во некоја нормална европска земја или во САД.
И затоа, зборовите на еден прилепски средношколец напишани на зададена тема за иднината на младите во татковината, не се ништо друго туку шамар за отрезнување и на Мицко, но и на сите политичари заради кои младите заминуваат без да се обѕрнат.
👉„Сакав само едно да ве замолам: погледнете не’ во очи додека се’ уште сме тука. Затоа што многумина од нас веќе одамна заминаа… засега со мислите. На големиот одмор повеќе не зборуваме што ќе студираме тука, што ќе создадеме во оваа земја. Зборуваме за визи, јазици, сезонска работа и кој град во Европа нуди повеќе шанса за млад човек. Најважниот предмет што го учиме во училиштето, а го нема во распоредот, е како да си заминеме. Боли кога се чувствуваш како товар во сопствената држава. Боли кога гледаш дека твоите соништа се прескапи во твојата држава. Гледам во моите наставници луѓе што треба да не’ инспирираат. А гледам умор, разочараност и тишина. И си мислам: а што ме чека мене утре? Во ходниците се’ помалку има смеа, а се’ повеќе тивок страв. Ние не бегаме затоа што не ја сакаме оваа земја. Бегаме затоа што имаме чувство дека таа престана да не’ сака нас. Наскоро ќе го слушнам последното ѕвонче. Некој ќе каже: уште една успешна година. А јас ќе го затворам куферот. Не затоа што сакам, туку затоа што морам.“
Реално до болка!

ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e