Владата не дозволува повисоки плати, не дава зголемување ниту на минималната плата, нема нови автобуси, нема нови автопати, кучиња скитници ќе не’ изедат по улиците, ќе не’ проголта темницата, „економски работници“ од Азија и Африка им ја земаат работата на македонските работници, странски компании заминуваат од Македонија, заминуваат и младите, за 2 години не’ задолжија со 2,5 милијарди евра, цените во маркетите дивеат на дневна основа, нема економски мерки за ублажување на сиромаштијата, корумпираната спрега судии-обвинители-политичари ги разјадува темелите на државата, власта за жива глава не сака во ЕУ…
И за ништо од наведеното нема реакција на јавноста. Ама затоа се испотепаа да му дадат поддршка на српскиот диктатор.
Македончето отсекогаш било спремно да загини за туѓи интереси!
ФБ став на Зоран Милошески
