Пишува проф.д-р Александар Иванов за Нова Македонија
Во оваа колумна ќе аргументирам од позиција на граѓанин што ја согледува социјалната реалност, но пред сè како професор по безбедност што ги анализира современите ризици. Целта ми е да објаснам зошто сметам дека воведувањето воен рок е суштински добро за државата и зошто тој концепт е многу повеќе од обична воена обука – тој е школа за државност.
Во јавните расправи, за жал, често паѓаме во замката на површноста, каде што важните општествени теми се третираат како да се или–или избори: или сме за безбедност или сме за слобода; или градиме институции или градиме граѓани. Дебатата за воениот рок не е исклучок и речиси секогаш се поставува како судир на апсолути – или инвестираме исклучиво во скапа, мала и професионална армија или се враќаме на масовна задолжителна служба, која многумина сè уште ја поистоветуваат со губење време во застарени касарни.
Но воведувањето воен рок не мора и не смее да се гледа низ таква исклучива и бинарна перспектива. Напротив, најдобрите безбедносни системи денес докажуваат дека овие два концепта се дополнуваат – потребно ни е силно професионално јадро, но поддржано од широка база на обучени граѓани. Ако ова прашање се постави современо, праведно и со јасна цел, воениот рок престанува да биде само армиска обврска и станува клучна алатка за поширока политика на општествена подготвеност и кохезија.

Не треба да одиме далеку за да видиме дека ова не е наш изолиран изум, туку сериозен геополитички тренд диктиран од новата реалност. Сведоци сме на процеси што се случуваат во нашето најблиско опкружување: Србија и Хрватска веќе сериозно работат на враќање на рокот, сфаќајќи дека само професионалниот состав не може да одговори на долготрајни и сложени кризи. Во најразвиените европски демократии, како Германија, се водат интензивни дебати за реактивирање на регрутацијата како одговор на хибридните закани на континентот. Уште позначајно е искуството на земјите што со децении се синоним за стабилност, неутралност и висок животен стандард – Австрија, Швајцарија, па и скандинавските држави. Кај нив ова прашање никогаш не престанало да биде прашање на чест и обврска, бидејќи тие одамна ја научиле лекцијата дека мирот не се гарантира со пасивност, туку со силен систем на одвраќање преку масовна обученост на населението.
Затоа, во оваа колумна ќе аргументирам од позиција на граѓанин што ја согледува социјалната реалност, но пред сè како професор по безбедност што ги анализира современите ризици. Целта ми е да објаснам зошто сметам дека воведувањето воен рок е суштински добро за државата и зошто тој концепт е многу повеќе од обична воена обука – тој е школа за државност.
Целиот текс на проф.д-р Александар Иванов за Нова Македонија прочитајте го тука
