Непочитуван претседател на Влада, Христијан Мицкоски,
Застрашувачка е леснотијата на твојата изјава дека додека ти и твојата банда ја водите Македонија, македонските граѓани треба еднаш засекогаш да ја избришат помислата дека државата ќе направи исчекор кон вратите на Брисел.
Твоите „патриотски“ пароли дека со децении ќе јадеме корења само и само да ги зачуваме македонскиот јазик и идентитет, значат едно: за ништо живо нема да се согласите Македонија да ги почне преговорите за влез во Европската унија, не за друго, ами затоа што тоа ќе значи крај на вашето бесрамно и безмерно пљачкање на државата, што истовремено подразбира и губење на контролата врз потплатените медиуми и корумпираното правосудство!
Непочитуван Мицкоски, твоите, вашите деца, нема да јадат корења! Толку многу се нафатиравте во двегодишното владеење, што вашите неродени потомци не ќе можат да ги добројат украдените пари префрлени во оф шор банки во далечните егзотични островски земји. Корења нема да јадат ниту нашите деца, оти доволно се паметни и имаат доволно самопочит да не дозволат медиокритети и клептомани од ваш маштрап да им го одземат достоинството!
Многу е лесно со дебели сметки во банките и бугарски пасоши во џебовите да продавате патриотизам! Тоа, непочитуван премиер, не е никаков патриотизам, туку највулгарно и најпростачко потценување на сопствениот народ кого без око да ви трепни го жртвувате за чисто лукративни цели. Топтан сосе државата!
Македонштината и патриотизмот, непочитуван Мицкоски, не се мерат ниту со кантар, ниту со метро, туку се покажуваат со дела. Вистински патриот е оној кој создава услови за подобар и побезгрижен живот за своите граѓани, кој се грижи за иднината на младите луѓе, кој гради темели за современа и модерна држава чиј економски и демократски развој ќе оди барабар со напредните европски земји.
Без никаква сочувствителност и чувство на емпатија, вие непочитуван претседателе на ненародната и немакедонска Влада, им ја одземате перспективата на младите луѓе, надежта дека достоинствен живот е можен и овде, во Македонија. Им ја одземате можноста на нивните родители да им се нагледаат и нарадуваат на среќата на своите чеда и на своите внучиња!
Ти и твоите изроди од шампитата на „Илинденска“ и арамиската „Бела палата“, непочитуван Христијан Мицкоски, сте зло какво овој народ досега не видел!
ФБ став на Зоран Милошески
