Педесет и шестгодишен жител на Гостивар бил приведен двапати во текот на истиот ден поради нарушување на јавниот ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.
Првото приведување се случило вчера во 10:45 часот во Галичник, каде полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Ѓ.Р., откако агресивно се однесувал за време на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.
Само десетина часа подоцна, во 20:40 часот, истиот маж повторно бил приведен, овојпат на улицата „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, каде повторно го нарушил јавниот ред и мир.
По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на двата случаи, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави
