Фејсбук статус на Зоран Божиновски:
Сите вие кои ова лето сонувате за убаво, сигурно и законски средено сезонско вработување во Хрватска, а сте од Македонија, размислете се два до три пати дали ќе тргнете…
Минатата година фати силен залет трендот на вработување на vo најголем број работници од Непал и Филипини! Минатата година ги имаше околу 13.000, а оваа година веќе се издадени само 25.000 работни дозволи преку агенции регистрирани за нивни трансфер во Хрватска. Сместени се во субстандарни (читај воглавном НИКАКВИ услови!), јазик не знаат или знаат малку, па го учат кога ќе дојдат и НАЈБИТНОТО:
РАБОТАТ ЗА ПЛАТА ОД САМО 1.000 ЕВРА! А МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА Е 1.050 ЕВРА!
Затоа додека ви е време, пред почеток на туристичката сезона, побарајте си поплатена работа во Италија, Шпанија, Германија или друга земја, она ХРВАТСКО ЕЛДОРАДО за Македонци после короната заврши, околу 1 милион млади работоспособни Хрвати се заминати трајно низ ЕУ во потрага по повисока плата и повисок стандард, замена беа работници од Србија, БиХ и Македонија, па испадна дека им се прескапи на работодавачите, сега во бранови надоаѓаат работници од Непал…
Истото тоа се случува и во Македонија, само што таму овие работници не издржуваат подолго од една недела и се префрлуваат во Хрватска, која моментно за нив е ветена земја бидејќи во другите земји од ЕУ не ги сакаат…
Мојот и престојот на сопругата Панда во Хрватска не зависи воопшто од ова што погоре ви го напишав, па сум слободен без стеснување да ви соопштам колку ниско е спуштен односот на т.н. газди распомамени по брз сезонска заработка, ама на грб на слабо платени работници од сиромашни земји кои ја немаат ниту вредноста ниту знаењето и стручноста, што го поседуваат Македонци, Срби и Босанци.
Јас дури уживам кога ќе седнам да пијам пијачка во омилени локали во Задар и наместо долгогодишните келнери доаѓаат некои типови кои те гледаат како теле во шарена врата, држат послужавник во рацете, им нарачуваш а тие не можат да разберат што сакаш. А бидејќи сум во Хрватска, нарачувам на хрватски јазик…
Накратко, не се впуштајте во авантура да потегнувате долг пат од Македонија до Хрватска, за да се соочите со конкуренција која дојдена од далечин десеткратно поголема од вашата и од друг континент, работи за скоро ич пари, затоа што таму некаде далеку во нивната земја владее сиромаштија која ги натерала на ваква авантура…
Тоа што од година во година ги има се повеќе и повеќе и што лека полека завземаат територија, не е мој, проблем си е на Хрватска…
