Зеколи е во право кога вели дека зад западните проекти, какви што се Груевски, Тачи или Вучиќ, стои идејата за стабилноста по секоја цена, дури и по цена на демократијата, правото и правдата, особено во услови на сериозните геополитички предизвици кои се случуваат и кои допрва ќе се случуваат, но се случува така што тие инсталации, откако ќе ги разорат демократските и правни рамки и стандарди, на крајот ја разоруваат и стабилноста! Резултатот не е стабилност туку пустош. Јас не верувам дека пустошот е односно бил цел и идеја на западот. Јас верувам дека можна цел е самиот процес односно дека целта на овие инсталации не е и не била да ја обезбедуваат стабилноста, како што на прв поглед се чини и како што многу често се декларирало, туку нестабилноста, постојаната ферментација, нешто што можеме да го наречеме стабилна нестабилност, состојба во која не се бара решение, туку се бара улога во решавањето.
Се разбира, ние не можеме да ги знаеме сите димензии на играта. Но, врз основа на накаква негативна селекција, можеме да утврдиме неколку позиции: опстанокот на Македонија е критериум кој не смее да се наруши затоа што геополитичките поместување се уште не се дојдени до нивото да измислат идеја со која квалитетно би го пополниле местото на оваа неконсолидирана државичка, се уште сме, сакам да кажам, најдоброто пионче на големата шаховска табла, второ, клатното што го има јавнато вмро-дпмне и Груевски, е на најодалечената точка од здравиот разум, од внатрешните моќи за апсорпција на идиотизмите и од глобаните погледи на овдешните локализми, враќањето на тоа клатно е закономерно и не зависи од политичките интерпретации и арбитражи, тоа нема моќ да остане во сегашната позиција и не е во состојба да произведе нови вредности, трето, враќањето односно урамнотежувањето ќе оди кон центарот, кон разградување на вмровското политичко, културно и аморлано наследство, кон правните и демократски основи на конституцијата, не против нив и не во отворена фашизација, како што сметаат некои аналитичари!
Погледнете ги собраниските просерувања на оваа, некогаш моќна партија. Тие решиле со огромни количества говна да го спречат изборот на претседател на Собранието и на новата влада! Навдор е екипа која протестира против нешто што мене ме обнадежува дека утре ќе можам да најдам некој со кој ќе можам да демонстрирам против фактот дека Заев и Сорос ни ја јадат месечината. Човек не може да се реши дали е полудо тоа што протестираат против платформата или, специјано, против албанскиот јазик. Тоа за мене значи дека тие самите си го издефинирале сопствениот пораз како крајна инстанца на својата реализација. Односно им го издефинирале. Тие се давеници кои се борат да нема дно во водата во која тонат.
Идиоти.
Тоа многу јасно покажува дека се создадени сите услови за нова парадигма. Почетокот на нејзиното создавање се случи уште пред бомбите, доби голема сила со бомбите и со шарената револуција, стигна да се капитализира на изборите и во формирањето на новото парламентарно мнозинство и следи да се заврши во формирањето на влада.
И уште нешто во прилог на тезата дека сегашната опција е исцрпена и друга се раѓа:
Кога вмровецот вели мултиетничка Македонија, тој мисли на Македонија во која живеат етникуми во однос на кои Македонецот може да мисли дека е супериорен, мултиетничноста му звучи странски и учено, над нивото на неговата простота и тој ја употребува како апче во антикомплекс терапијата!
Потенцијалот на таа идеја е исцрпен. Исцрпени се и можностите таа идеја да се камуфлира или да се корумпира, како што се случуваше во изминативе десетина години.Можностите да се раководат процесите преку антиципација и адаптација на чувствата и на интересите на масата мора да бидат заменети со промоција на идеи на кои масата ќе се аклиматизира.
Со други зборови, позицијата на вмро-дпмне е неодбранлива и неодржлива. Во сите варијанти. Само идиот може да очекува да го искачи ридот со автомобил во кој нема гориво. Тоа е позицијата на Груевски. И на она момче со капата. И на Трајко. И на Илче.
Да ме пуштат да учествувам во битката против вмронската окупација на парламентот, јас би настапил со едно клипче во кое би било прикажано дека вмро се доживува во Европа како животно со кравјо лудило, вирус кој мора да се држи во некаков карантен, компромитирачки фактор, организација со лидер кој е понесакано друштво за фотографирање од Ал Багдати или Ал Завахири. Фирма која го спречува мигрантскиот бран од неколку илјади души од југ, а на север емитира свој бран од стотици илјади македонски граѓани! Организацијата против светот и светот против организацијата. Третата точка на овдешниот бермудски триаголник ја формираат идиотите кои мислат дека во таа конфронтација вмро ќе победи!
Јас не ја исклучувам можноста дека процесите на конституирањето на новата власт ќе бидат одблокирани. Дури и како резултат на внатрешните пресметки во вмро-дпмне. Втората опција е тоа да се случи како резултат на масивен меѓународен притисок. Работа што веќе се случува. Од Малта до Берлин и Вашингтон. Третата варијанта е мнозинството да избере претседател и влада и да влезе во ризикот на можното двовластието и четвртата опција е да се повика, не македонскиот народ, туку граѓаните, не во две колони како што предлагаше Сарачини, туку во пет колони: Тетово, Велес, Куманово, Аеродром, Чаир, Партизанска, Албанци, Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, петата опција е Советот за безбедност да не додели како мандат на некоја сила и шестата опција е директна меѓународна интервенција, вклучувајки ја и воената димензија!
Колумна на Бранко Тричковски за Слободен печат