Со последните измени на Законот за влада, изгледа пропуштија една важна работа, а тоа е да ги усогласат надлежностите со праксата.
Наместо решавање на проблемите, управување со нивно избегнување.
Преведено во секојдневие и пракса, тоа изгледа вака:
– при неспособност да се преговара за ЕЕС, владата предлага да не се оди во странство;
– при неспособност да се справи со врсничко насилство, владата предлага учениците да не одат на училиште;
– при неспособност да се контролира зголемувањето на цените во маркетите, владата предлага граѓаните да не купуваат;
– и откако 6 месеци чекаме едно попладне да се намалат тарифите, владата предлага да не се извезува;
– наместо решенија, очигледно изборите се на прагот…
Избегнувањето не е решение туку само признание дека или немаат план, или немаат намера, или навистина не знаат како…
ФБ став на Јани Макрадули
