Неумесен цинизан, и тоа од најдрските – Мишолиќ за изјавата на Мицко да летуваме дома

Изјавата на премиерот Мицко дека „ако сакате да ги избегнете непријатностите на ЕУ-границите, летувајте на нашите убави езера, планини и села“ е пример за неумесен цинизан, и тоа од подрските (најдрските).
Можам да замислам дека кога би земал да ја разработи својата теза, би рекол и дека летниот одмор е преценет. „Се печеш на сонце, некоја солена вода ти влегува во уста и во нос, помалку или повеќе зависиш од волјата на газдата, мора да почитуваш нечиј туѓ куќен ред, и уште на крајот – плаќаш скапо“. „Скапо плаќаш и во Македонија“, ќе рече дежурниот скептик. На тоа, премиерот ќе му одговори во стилот на горната изјава: „Има ли поубаво од дома? Што ќе ти воопшто одмор? Седи си дома, и ќе ги избегнеш еден куп непријатности“.
А сите знаеме дека две најголеми грижи на премиерот Мицко се: да ни го зачува достоинството, и да не’ спаси од непријатности“. И така – со децении. Ни вети децении.
ФБ став на Миодраг Мишолиќ

Оваа реакција следи откако ремиерот Христијан Мицкоски упати апел до македонските граѓани дел од летниот одмор да го поминат во земјата, по воведувањето на новиот дигитален систем за евиденција на патници од страна на Европската Унија за државјани од земји кои не се членки на Шенген зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e