ТРИ ЗБОРА ЗА МАНДАТОТ НА ТРИПУНОВСКИ: НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА, АРОГАНЦИЈА И КОРУПЦИЈА Николовски на седницата за интерпелација на министерот за земјоделство

“Министре, вашиот мандат има три збора: неисполнето ниту едно дадено ветување, што значи огромна лага кон земјоделците, ароганција од која не се задоволни ниту овие колеги кои ви ја дадоа подршката, и тоа многу јасно и директно ми го кажуваат, не само земјоделците и она што е најкатастрофално – корупција на сите нивоа околу вас.”, вака пратеникот Љупчо Николовски го започна своето излагање како предлагач на интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

“Каде и да погледнат земјоделците гледаат едно исто, а тоа се малку пари во своите џебови, немање доверба во институциите, многу причини за да се чуствуваат измаемни. Нивното незадоволство не може да постигнете да го избришете преку коментарите кои ви ги даваат,нема ниту еден позитивен коментар. Најголем дел од вашето време го трошите на тоа. Вашиот мандат започна со ветување за спас на земјоделството а завршува како симбол на неспособност, неодговорност и скандали. Одговорноста не може да ја заобиколи и владата која што дозволи две години лошо менаџирање на овие институции. Две години во кои министрите и директорите се занимаваа не со креирање на мерки, за безидејноста, туку со штанцање на празни и измислени пријави, со разместување, суспендирање и деградирање на сите професионалци. Креирање на коруптивни мерки за кои што веќе се водат истражни постапки и рекетирање на производители, увозници и преработувачи.”, посочи Николовски.

Седницата за интерпелација е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e