КОИ СЕ ТИЕ 10 БАНКРОТ ЗЕМЈИ?
Додека ние си правевме првомајски скари или ги освојувавме грчките крајбрежни дестинации, задоволни и среќни бидејќи живееме во третата најсилна економија на стариот континент, кутрата Европа со денови живее во колективен страв.
Паника. Нервоза. Несоница.
Зошто?
Затоа што некој таму, во некоја европска престолнина, се буди секое утро со мислата: “Дали токму ние сме ние меѓу тие десет земји што ќе банкротираат?“
Не е фер.
Навистина не е фер министерката да фрли ваква атомска економска прогноза и да не каже – КОИ се тие земји.
Имено, ова веќе не е изјава, ова е трилер. Финансиски хорор. Геополитичко цунами.
Кои се тие фамозни десет?
Германија? Франција? Холандија? Или можеби Луксембург?
И домашната јавност треба и мора да знае.
Студентите – каде да НЕ аплицираат.
Бизнисмените – каде да НЕ инвестираат.
Граѓаните – каде да НЕ се селат.
Замислете трагедија: таман си запишал факултет, и оп, банкрот!
Таман си отворил фирма – оп, до вчера просперитетната европска држава исчезнува од мапата.
Не се игра така со судбините на луѓето.
Затоа, под итно списокот !!!
Не мора “Топ 10”, може и “Топ 5” па да градиме неизвесност.
Ако треба, нека ги пушти етапно – како серија. „Банкрот 2036– епизода 1“.
И да бидеме искрени: за разлика од цела држава што се смее, јас ова го сфаќам максимално сериозно .
Сепак, зборуваме за истата личност која објасни дека владава нема успех со капиталните инвестиции затоа што во јануари и февруари било – студено.
А кога економската анализа ќе ти се базира на временска прогноза, логично е да заврши со европски банкроти.
Затоа- голема почит.
И список!
ФБ став на Андреј Жерновски
