Жена излекувана од коронавирусот дарува крвна плазма заради имунитет кај други заболени

Дијана Берент, тукушто излекувана пациентка од коронавирусот, веднаш по карантинот се приклучи во борбата против пандемијата.

Среде март таа се разбудила со телесна температура од 39 степени Целзиусови, по што следел периодот на задравување во нејзиниот дом во Лонг Ајленд, Њујорк, САД. Сега таа е првата од сојузната држава Њујорк која го победила вирусот, и која даруваше антитела и протеини од крвта, што можат да се искористат како заштита кај други луѓе што сѐ уште се борат со болеста.

Претходни истражувања покажаа дека плазмата од крвта на излекуван пациент, односно неговите антитела се делотворни во третирањето САРС и ебола кај други заболени.

Бројот на заразени во САД надмина 236.000 лица.

Брус Сакијас, од Центарот на крводарители во Њујорк, изјави дека ќе има и други доброволци и херои како Берент, но битно е луѓето да не го сфаќаат ова како „златен билет“ кон оздравувањето и имунитетот.

Бројот на починати од вирусот надмина 51.000 луѓе во цел свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e