Трагедија во Албанија: се удавија две малолетни девојчиња

Две малолетни девојчиња на возраст од 9 и 11 години се удавија на плажа во Тале, во регионот Лежа во Албанија. Несреќата се случила вчера околу 12:50 часот додека децата се капеле во морето.
И покрај брзата интервенција на полицијата и капачите кои ги извлекле од водата, за девојчињата веќе немало спас. Според првичните информации, тие биле без придружба во моментот на трагедијата.
Албанската полиција соопшти дека околностите се под истрага, а телата се пренесени во болница во Лежа. Се претпоставува дека посилни морски бранови придонеле за несреќата, но тоа сè уште не е официјално потврдено. Se

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e