Со официјалното примопредавање на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го заврши својот ангажман во ресорот и му ја предаде функцијата на новиот министер Борчо Серафимовски.
Трипуновски порача дека зад него останува период исполнет со работа за развој на земјоделскиот сектор, а на својот наследник му посака успех во продолжување на започнатите проекти во интерес на земјоделците.
„Заеднички покажавме дека со работа и визија можат да се постигнат резултати. Верувам дека грижата за земјоделството и понатаму ќе остане приоритет“, порача Трипуновски.
Борче Серафимовски во министерската фотелја доаѓа од позицијата државен секретар во истото министерство.
Серафимовски има исклучително богата академска биографија. Тој е дипломиран дефендолог на УКИМ, бизнис менаџер на Варненскиот слободен универзитет во Бугарија, магистер по меѓународни односи (Благоевград) и докторант по организациски науки (Велико Трново).
Кариера: Во својата професионална кариера бил и генерален директор и заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе.
Јазици: Зборува англиски, руски и бугарски јазик.
