Разбиена мафијашка мрежа во Италија која со измами пренасочувала пари од еврофондови

Италијанската полиција разби голема мафијашка мрежа обвинета за пренасочување на околу 110 милиони евра од европски и јавни фондови, јавија италијанските медиуми.

За време на операцијата фокусирана на калабриската мафија Ндрангета, приведени се 63 осомничени меѓу кои и 11 државни службеници. Тие се осомничени за измама, корупција и пренасочување јавни фондови.

Полицијата соопшти дека мафијашката мрежа имала за цел преземање контрола врз системот за сите јавни набавки во Калабрија. Во операцијата се конфискувани активи на 45 луѓе и 35 фирми од реоните на Калабрија, Рим и Тоскана.

Според првичните наоди во истрагата, картелот со помош на фирми добиле „најмалку 22 јавни тендери со што извршиле системска измама насочена против регионот на Калабрија и Европската окомисија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e