Две македонски државјанки краделе злато во Црна Гора

Две македонски државјанки се уапсени во Црна Гора под сомнение дека украле четири златни ланци од златарница во Игало, соопшти црногорската полиција.
Според информациите, приведени се Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33), двете од скопскиот регион. Тие се осомничени за сторено кривично дело „кражба“.
Инцидентот се случил на 15 јули околу 13:30 часот, кога осомничените влегле во златарницата претставувајќи се како заинтересирани купувачи. Додека вработената им покажувала различни парчиња накит, тие, според сомневањата на полицијата, го искористиле нејзиното невнимание и незабележано одзеле четири златни ланци, кои ги ставиле во своите торби, по што ја напуштиле продавницата.
По преземени оперативни мерки, полицијата ги лоцирала и ги уапсила осомничените во стан во Херцег Нови. Украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата.
Против двете македонски државјанки е поднесена кривична пријава, а тие ќе одговараат пред надлежните органи во Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e