Исповед на очајна мајка: Моето бебе од 7 месеци има коронавирус, ова се симптомите

Тони Родес, чиј син Куртис бил позитивен на коронавирусот, го споделила нивното искуство и опишала како изгледале симптомите кај детето кое тогаш имало само седум недели.

Како што открила, забележала дека бил нервозен и дека палецот го „цицал“ поинаку. Бил многу уморен, а откако бил необично мирен за време на ноќта, утрото забележала дамки на неговата кожа. Исто така, едното око му било потечено и му солзело, а истовремено кашлал и повремено кивал.

Побарале совет од лекар, а тој заклучил дека детето има благо покачена температура и дека пулсот му е забрзан. Затоа се посомневал на сепса. Го задржале во болница наредните 48 часа, а на Куртис му дале антибиотик, пренесува „The Sun“.

Откако состојбата му се подобрила, ги испратиле на домашно лекување, а за тоа дека е позитивен на короавирусот дознале дури после неколку дена.

Ни рекоа дека треба да внимаваме и да забележуваме промени и кај себе. Кен и јас не искусивме ништо од оние класични симптоми за кои слушавме, како што се главоболка, губење на чувство за мирис, болка во грлото и вратот. Единствено што почувствувавме беше замор“, напишала таа.

Иако и сами имаат некои од симптомите, нема да ги тестираат освен ако не завршат на болничко лекување. И понатаму не знаат како се заразило бебето, но како што истакнала, сака сите да ги предупреди дека коронавирусот не мора да ги има исклучиво овие симптоми за кои постојано се пишува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e