Еве кога Трамп планира да го напушти Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден, иако размислувал да замине на 19 јануари, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

„Тој не сака да замине како екс-претседател ниту да го позајми претседтелскиот авион…Неговиот тим работи на собирање голем број негови приврзаници кои ќе го отпратат“, наведува изворот.

Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален говор во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Според изворот, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e