Сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, тешко повреден мотоциклист

На 18.07.2026 во 15:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, во атар на село Градец, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(35) од Скопје, удрил во ограда и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e