Албанска академија на науки: Во Албанија околу 600.000 заразени со Ковид-19

Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади лица, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите случаи каде што е применет истиот метод на тестирање во европските и во други места. Студијата нема дијагностички карактер, туку ја потврдува реалната состојба на степенот на инфекција од Ковид-19, а се однесува на присуството на анти-Сарс-Ков-2 антитела кај населението, наведува Академијата.

Додава дека нивото на технологија за имунолошко тестирање што се користи во оваа студија е исто како и во повеќето европски земји или во САД.

-Овој извештај е потврден и од нашите оператори на здравствени услуги, кои потврдија дека иако бројот на лица со дијагностициран Ковид-19 во нашата земја беше околу 60.000 на крајот на 2020 година, реалната бројка е околу 600.000. Студијата не е направена за да се создадат илузорни слики на реалноста, ниту за да се создадат еуфорични ситуации, туку да се знае вистинската состојба на ширење на пандемијата со ист степен на сигурност како и во аналогни случаи во други земји, во соседството и подалеку, посочуваат од Академјата.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита во земјата, влучително и 3.727 тестови во последното деноноќие, направени се вкупно 297.106 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 64.627 лица( 656 во последните 24 часа), оздравени се 38.421, активни на болеста се 24.954, додека починале 1.252 лица.

Во меѓувреме во земјата денеска, втор ден од почетокот на вакцинацијата, ванкцинирани се 60 здравствени работници, пред се лекари епидемиолози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e