Деновиве појавувањето на оние со дебелите вратови и црни кошули со крстови, а повикани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да го испорачаат она за што ги ранеше и поеше од државни пари, ја бранува македонската јавност. Сега гледаме им се приклучуваат и одредени високи претставници на МПЦ и МПЦ ја доведоа на најниска гранка од нејзиното постоење, бавејќи се со се, само не со она за што се наменети и за што постојат, а тоа е практикување на верата која ја претставуваат и на која се повикуваат, секако должни на власта во заминување поради лични хипотеки.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ под изговор на загрозеност на државата од оние кои на парламентарните избори ја добија власта, нарекувајќи ги предавници на Македонскиот народ, во суштина манипулација за добивање во време за предавање на власта, чие заминување од власт е неизбежно, измислувајќи правила на однесување во парламентот за кои секојдневно ги предупредува меѓународната заедница во очекување дека ќе се вразумат и ќе ги испочитуваат основните правила на демократијата, го тероризираат народот трошејќи огромни средства од државата.
„Големите патриоти“ кои од самото осамостојување на државата перманентно како политичка партија работат на разнебитување на државата и нејзините интереси, денес неуспешно се обидуваат уште малку да останат на власт како би можеле да ја завршат својата долгогодишна мисија-целосно растурање на државата за спас на криминалната и антидржавна група.
Од самото осмостојување на државата фрустрирани од приказните на нивните претци дека злото на македонецот доаѓа од комунистите и дека со нив треба да се пресметуваат, свесни дека нивните претци кои ги индоктринирале, соработувале со фашистите и на бојно поле доживеале крах од партизаните, предводени од Комунистичката партија на Македонија која извојувала победа и направила држава.
Целата колумна на Марин Најдов за Плусинфо прочитајте ја тука