Бесплатен јога-настан во Крива Паланка: Движење, дишење и баланс за подобро ментално здравје

Општина Крива Паланка по повод Светскиот ден на јогата, на 21 јуни, организира настан посветен на менталното здравје, психолошката стабилност и социјалното зајакнување.

Настанот ќе се одржи во недела, со почеток во 19 часот, во спортската сала „Партизан“ при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

Под мотото „Движење. Дишење. Баланс.“, организаторите најавуваат групна активност за промоција на менталното здравје и благосостојбата преку техники за релаксација и телесна свесност, односно јога-час наменет за жени и мажи од сите возрасти.

Според организаторите, учесниците ќе имаат можност да ја подобрат психофизичката рамнотежа, да го намалат стресот, да ја зголемат концентрацијата и да стекнат позитивна енергија, но и да се поврзат со заедницата и да ја подигнат свеста за значењето на психофизичкиот баланс.

Бројот на учесници е ограничен на 30 лица, а заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 071-334-453.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да одвојат време за себе и да инвестираат во сопствената благосостојба, со порака: „Биди дел од промената!“

viber_image_2026-06-17_11-16-55-605

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e