Туфегџиќ: Каракамишева е контрадикторна и со самата себеси

Професорката Каракамишева (барем се уште ја носи таа титула) во нејзината последна колумна ме нарекува странски платеник и понатаму реди лекции за Зијадин Села и говори за чест.
Каракамишева ми предаваше некаде во втора година на Политички студии, еден од најинтересните предмети Политички партии и интересовни групи, понатаму и на постдипломските студии по Уставно право, за кои се одлучив баш поради предметите и темата која и е неа специјалност Избори и изборни системи (мислам ова пред да и стане специјалност уставен експерт кој говори и правда неуставни ситуации). Многу добро ме познава зашто многу пати сме имале конфронтации и спротивставени мислења на многу теми, ама веројатно пред дефинитивно да биде заоблена во пропаганда и ширење на истата, дури и прифаќаше нешто такво. Сега не прифаќа и не поднесува различни од неа и оние кои ги брани, па дури на моменти е контрадикторна и со самата себеси, а најмногу со Уставот и она што го предава.
И ова го пишувам со намера да алудирам на некаква почит. Во академската средина можете да сте од политички различни опции, да имате идеолошки спротивставени страни, да имате различни мислења, ама преовладува некоја почит меѓу професорот и студентот, ова ако е професор, како и аргументите и фактите, зашто науката се занимава со тоа.
И се заблагодарувам на професорката за етикетата, ако постоеше кај неа срам, еден ден ќе се срами од неа, но тоа не постои.
Студентите заслужуваат професори кои ќе ги почитуваат и кога нема да бидат на иста страна, зашто тоа го прави професор во вистинска смисла на зборот, а не титула користена за ТВ Нова и Сител.

Ивана Туфегџиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e