Пратениците кои учествуваа во насилството не можат да се сокријат зад имунитетот

Пратениците кои учествуваа во насилството што се случи во Собранието нема да можат да се сокријат зад пратеничкиот имунитет и така да се спасат од одговорност, појаснува пратеничката од СДСМ Ивана Туфегџиќ.

-За да нема забуни околу одговорноста поради имунитетот на едни кои се одзиваат на пратеници, тие кои ги отвориле вратите и ги пуштиле насилниците внатре да линчуваат и да се обидат да убијат пратеници. Имунитетот е гарантиран во член 64 од Уставот на Р.М и гласи: “Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години“. Секој ќе си ја сноси својата одговорност пред лицето на правдата од крвавиот четврток, напиша Туфегџиќ на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e