Оди и најди му го крајот на Иванов

Прво вели дека Македонија е нападната и поради тоа ја спречува демократски изразената волја на граѓаните.

Иако врховниот командант вели дека земјата е нападната, министерот за одбрана вели дека ситуацијата е стабилна. Генералштабот на армијата, пак, воопшто не се огласува. Ниту едно обвинение не е покренато за наводните ,,домашни непријатели”.

Ден-два подоцна врховниот командант на земјата-без-влада која нели е нападната ноншалантно ја напушта државата.

Потоа се среќава со претседателот на Албанија- земјата која наводно беше закана за нас- и нему му вели: ,,Албанија е пријател и ќе остане пријател на Македонија”.

Оди и најди му го крајот. Ако можеш.

Драган Алчинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e