Македонскиот кантавтор Владо Јаневски, кој почина на 28 јуни 2026 година, ретко зборуваше за својот љубовен живот, но познато е дека една жена беше неговата најголема љубов.
Владо долги години беше во врска со неговата менаџерка Вера Велевска. Пред 15-на години, Вера се пресели во Австралија, каде што живеат нејзините деца.
Пред неколку месеци на фејсбук-страницата на Златна Бубамара на популарноста, која во 2005 година се одржала на 17 септември беше објавена слика од Вера и од Владо, стара 21 година. Сликата е од Универзалната сала, а со Владо и со Вера е и композиторот Дарко Димитров.

По заминувањето на Вера, Владо никогаш јавно не прозборе за нивната врска, а на крајот од минатата година тој имаше настап во Сиднеј, каде што живее неговата поранешна партнерка.
„Некој во младоста да ми кажеше дека олку ќе ми биде убаво во душата и удобно во сопствената кожа на овие години, сигурен сум дека немаше да му поверувам! Не ги мислам воопшто годините, ни тие зад мене ни тие пред мене. Не сум носталгичен по природа и не престојувам баш често во сопственото минато. Многу фолдери во главата свесно сум избришал, балансот на спомените не е нешто што сум спремен да го влечкам со мене во сегашноста. Да, минатото ме направило ова што сум денес, но не чувствувам потреба да ги превртувам низ глава минатите години, минатите љубови и настани, освен можеби кога пишувам песна. Живеам во денешниот ден, го дишам со полни гради и многу ми е убаво така“, рече Владо во едно интервју за „Слободен печат“.
