НА ПОКАНА НА ЕУ, НИКОЛОВСКИ ВО БРИСЕЛ Учествува на тематската недела „Проширувањето и Западен Балкан”

На покана на Европската Унија, од денес до петок во Брисел пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски учествува на тематската недела „Проширувањето и Западен Балкан” и на пленарната сесија на Европскиот парламент.
Тој информира дека има директни средби со генералниот директор за проширување на Европската комисија Герт Јан Копман, известувачот за Северна Македонија Томас Вајц и европратеници од различни политички групи. Се разговара за проширувањето, за реформите, за тоа што треба да се направи за Македонија да оди напред.
Во исто време во Стразбург, Европскиот парламент одлучува за конкретни работи за своите граѓани:
✔️ Над 500 милиони евра помош за земјоделците за високите цени на ѓубривата
✔️ Поголеми права за авионските патници
✔️ Вештачка интелигенција и сајбер-безбедност
✔️ Заштита од топлотни бранови и природни катастрофи
✔️ Владеење на правото
“Ова е суштината на Европската Унија , заедница што решава реални проблеми на реални луѓе. Македонија припаѓа таму. Нема алтернатива. Нашата работа е да го одржиме тој пат отворен со реформи, со аргументи, со присуство на секоја маса каде што се одлучува за иднината на регионот.” – потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e