На Иванов не му поминува лудилото

За Унгарска телевизија тврди и натаму дека не го давал мандатот и дека тоа било како превентивна мерка да не се случеле полоши работи.
Не е лошо превентивно тој да биде ставен под санкции на САД и на ЕУ, да им биде замрзнат имотот на неговите бизнис пријатели и превентивно да биде отстранет од функцијата според Устав и закон.
А СДСМ и ДУИ датумот за одржување на следните парламентрани избори да го условат со датум за одржување на предвремени претседателски избори. Доста беше, овој кловн да ја срами Македонија кај ќе стигне.
И да се донесе закон со кој ќе му се укинат привилегиите за доживотен статус на поранешен претседател со плата на претседател, обезбедување и кабинет. Уставниот суд може да утврди дека досегашниот закон со кој тоа им се гарантира на сите поранешни претседатели ја нарушува рамноправноста на граѓаните и да ги укине тие одредби.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e