Корисни идиоти

Со секоја антизападна и антиалбанска кампања на ВМРО ДПМНЕ Македонија добива по некој подарок.
Кога во 2001 година го обвинија НАТО за војна против Македонија, беа целосно изолирани и веќе во 2002 година Македонија доби демократска и проевропска влада.
Кога Груевски стана лидер на партијата во 2003 година и почна кампања против новата територијална поделба на општините ,САД ја признаа Македонија под уставното име.
Кога во 2005 година продолжија со твдењето за штетноста на Рамковниот договор и дека никогаш нема да направат влада со албанските терористи на Ахмети, Македонија доби статус на кандидат за членство во ЕУ.
Сега кога водат кампања против некаква платформа од Тирана на пат се, по формирањето на реформска влада, во знак на нејзина подршка ,САД и ЕУ да обезбедат брзо членство на Македонија во НАТО под привремената референца, и започнување на преговори за членство со отворање на две поглавја.
Во оваа смисла, придонес на ВМРО ДПМНЕ и на неговите најрадикални подржувачи за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ кон НАТО не треба да се занемари. Само што тоа се случува секогаш кога се тие во опозиција и кога прават глупости. Кога се на власт се е закочено освен криминалот кој царува.
Добро би било да останат во опозиција и да протестираат до целосното членство на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Толку барем може да направат за доброто на Македонија.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e