Како ВМРО – ДПМНЕ доби 450.000 гласови

Никогаш не ми беше јасно како вмро дпмне доби 450.000 гласови после толку бомби слушнати, после криминалот поставен на тацна сервиран.

Сега веќе одам од една проста логика:

Ја наполнија администрацијата на неодржливо ниво па ги уценуваат да донесат по 20 гласа ако сакаат да останат на работа.

Се закануваа, уценуваа и што ли уште не само за да си ја спасат кожичката нивна да не скапува по одамна заслужениот затвор што требаше да го добијат ако имаше барем тронка правна држава.

Газдите на поголемите фирми имаат по 300-400 вработени. Сите тие имаат по најмалку 2+ гласачи.
Аман бре луѓенца, вие во тие фирми сте сигурно неколку години. Чесно, достоинствено си го заработувате лебот. Ве плаќаат бидејќи работите не затоа што играте чочек. Тргнете од таа логика, дека коските ви скапуваат за 200 евра плата. А ние не сакаме ништо повеќе туку повеќе да се вреднува вашиот труд. Ќе останете на работа секако, ама платата ќе ви биде поголема. И ќе имате коректно работно време. Точно ќе се прецизираат работните часови, нема да бидете експлоатирани, и ќе имате слободни денови кои ви следуваат.

Аман која е таа логика на празник, на Велигден најголем христијански празник да се прибереш дома во 23:00 часот а од друга страна направени толку скапи реклами за семејни вредности, за трето дете.

Фејсбук статус на Ивана Божиновска, граѓански активист

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e