Јовановски: Секоја чест на пратениците од СДСМ кои се откажале од своите плати за лекување на Наташа

Оваа информација која што ја добив сега е најдоброто нешто што се случило во македонското Собрание од неговото постоење! Пратениците Зоран Заев, Стефан Богоев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и другите од нивната коалиција се откажале од своите пратенички плати и парите ги донирале за лекувањето на Наташа! Тоа го направиле без медиуми и без никаква политичка пропаганда, секоја чест, алал вера!!!

Ова се случува прв пат и нека служи за пример како треба да се однесуваат политичарите кои ги гласаме баш ние!

Човечноста и солидарноста нека ни бидат пред се останато!

За Наташа и Марио! – напиша на Фејсбук, познатиот шоумен и хуманист, Бојан Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e