Ако те осомничат за украдени 17 милиони евра државни пари, и ако судот ти одреди притвор, а имаш своја телевизија финансирана од тие пари, тогаш тоа е напад на слободата на медиумите и демократијата.
Па само до вчера телевизијата на Сеад Кочан ни кажуваше колку е фер и праведно судството во Македонија. Тоа некои други предавнички медиуми се жалеа на судовите. Оваа телевизија нè убедуваше колку убаво се живее во Македонија за време на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и колку е праведна државата. Со толку финото судство во спастрената држава зошто нешто би му фалело на бизнисот на Кочан? Мора пак Сорос да е крив што на газдата на телевизијата му подметнале 17 милиони евра наши пари.
А човекот го нема. Го имат снемано. Апелациониот суд објави дека ни жена му не знае каде е. Што се насекираа толку неговите вработени? Сметките на фирмите, па ни на телевизијата не се замрзнати. Значи, сепак тие професионално известувале. Судството било фер. Нека си продолжат со професионализмот и со гледаноста на телевизијата како и до сега и директорите ќе им обезбедат плата. Башка, штом газдата им е толку долго на службен пат, сигурно многу јак бизнис тера таму на непозната локација. Сигурно е многу зафатен, штом нема време ни дома да се јави. Така што, нема зима за слободното новинарство и демократијата.
Целата колумна на Горан Михајлвоски за СДК на следниот линк.