Десет пораки до моите драги Македонки и Македонци – Вмро ве крева на бунт не за да победите, туку за да бидете темелно поразени!

Слушајте вака, драги мои, Македонки и Македонци:
Јас мислам дека таканаречената платформа на албанските партии е пристоен документ кој овозможува солидно хармонизирање на Македонија со својата внатрешна суштина, значи документ низ чија операционализација можат да се градат важни аспекти на перспективите на оваа држава.
Неговото одбивање и сатанизирање од страна на злосторничкото здружување на вмро-дпмне, има јасна цел, да се спречи соочувањето со правдата на злосторничката клика околу Никола Груевски и на Груевски лично, се разбира. Но, мобилизацијата на масите и нивната хомогенизација и идејна индоктринација, со сеење на маглата на омразата кон алабанскиот јазик и кон Албанците, со величењето на принципот на унитарноста, со нападите врз Албанија и осудите за мешање во внатрешните работи на Македонија, заедно со подготовките за оружен отпор и пресметка со домашните предавници и надворешните непријатели, не се закана за никого, туку се трагично урушување на самата идеја за макеонската држава и македонската нација и македонската култура, вистински цивилизациски строптиз, во кој ние му го покажуваме на светот нашето разголено тело во сета негова грозотија и усмрденост. Всушност, закана се само за вас!
Имам неколку аргументи во прилог на ова тврдење:
Прво, не заслужува никаква почит националниот и општествен корпус кој ќе си дозволи во изрежирана епска битка за опстанокот, да го поведе најголемото злосторничко здружување во мирновременска Европа. Злосторниците кои ја извадија државата од пристојноста на мирот, стабилноста и европските перспективи и, еве ги, му порачуваат на народот да бил подготвен за долготраен отпор со трактори и комбајни по улиците и со вооружени чети што ќе се стават под команда на психопатот кој им изеба се живо и диво и ги претвори во кретени.
Второ, македонската национална компонента во услови на самостојна држава и во новото геополитичко окружување, ја нема моќта да ги диктира процесите врз основа на сопствената умисленост за себе затоа што има голем расчекор меѓу умисленоста и реалните ресурси кои и во апсолутна, а особено во релативна смисла, секој миг се се помали и помали.
Трето, во такви услови перспективите на кои можат да сметаат Македонците се само и единствено петспективите кои ќе ги градат со Европа и САД надвор и со сите внатре, со Албанците, посебно, затоа што нивната релативна важност и моќ се во пораст.
Четврто, ниската културна и политичка капацитираност на Македонците и опаѓачката моќ на нив како стожер на државата, ја роди ова драма, оставајки ја комплетната државна и национална реализација во рацете на едно злосторничко здружување и на неговото болно лидерство.
Петто, прашајте се: ако е унитарноста загрозена и ако е унитарноста нешто што треба да се брани, како тогаш успеавме со таа унитарност да се сјебеме вака темелно и, можеби, неповратно. Тоа може да има три толкувања: или унитаноста не сме ја ни имале или сме ја имале, ама не ни врдела ниту пет пари и, трето, може да значи дека сме се сјебале со помош на унитарноста која во тој случај била страшно добро орудие.
Шесто, ако претпоставиме дека таканаречената платформа води во бинационална држава, треба да знаете дека дури и бинационалната држава е подобра од никаква држава. Откажете се од маргиевиот принцип да ја максимализирате штетата и да не прифаќате решенија ако не се докажано најлоши.
Седмо, многу бргу ќе дојде време кога ќе ја сакате платформата ама платформата нема да ви ја дадат, ќе ви дадат нова резолуција во која, што ја знам, можеби ќе ви понудат федерација или конфедерација, како прва фаза пред да се врати Македонија како унитарна држава што ќе ја доминираат Албанците, а вие ќе бидете привилигирано малцинство толку колку што порано сте им давале да бидат Албанците.
Осмо, во ништо не сум сигурен повеќе отколку во тоа дека ќе загубите ако не си ја чукнете главата, не си го измерите чергичето и не ги пратите бандитите в затвор.
Девето, вмро-дпмне ве крева во бунт не за да победите туку за да бидете темелно поразени. Запомнете го тоа.
Десето, пријатен ден.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e