Во Сараево ограбена банка, крадецот уапсен

– Сараевската полиција денеска уапси еден маж кој во раните утрински часови ограбил банка во населбата Нова Отока.

Ограбена е филијалата на банката „Рајфазен“, а во таа пригода разбојникот, според сараевските медиуми, одзел голема сума пари, но не е прецизирано колку.

Портпаролот на полицијата во Сараево изјави дека крадецот бил брзо лоциран и уапсен.

Како што пренесуваат медиумите, за време на кражбата дошло и пукање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e