Познатиот српски актер се сели: Не планира староста да ја мине во Србија

Легендарниот српски актер Никола Којо во својата 40 годишна успешна кариера нанижа голем број на улоги, а во интервју за Klix.ba истакна дека планира да си замине од Србија заради очајната политичка состојба во регионот.

Вели дека се труди да не плови во системот на пореметени вредности кој е присутен на просторот на целиот Балкан.

„Се трудам да не пловам во гомната туку да ги бркам бистрите потоци како што се фестивалите во Тузла и Блед, важните работи, моето семејство, најблиските пријатели и мојот микросвет. Се трудам да ги избегнувам фекалиите и калта која е околу мене. За жал не е секогаш тоа можно. Ете живееме во полузатворено одделение на поправен дом. Знам дека звучам песимистички, но мислам дека сум реален песимиста кој ги согледува работите на вистински начин“, вели Којо кој се осврна и на актуелната политичка состојба во Србија каде граѓаните со протести го покажуваат своето незадоволство.

„Тоа се обиди да се укажат на проблемите на оваа организирана криминална дружина која за себе зема колку и треба и се обидува да си ја купи бесмртноста со тие свои пари. Протестите се нешто што може да има мал ефект, но не сум сигурен дека човек се уште еволуирал да сфати што ни прават овие. И натаму некој верува дека тоа е обична политика, не сфаќаат дека е тоа обична мафија која треба да се симне од тронот, за да не пушти нормално да живееме. И натаму им се воодушевуваат на тие некои луѓе а како што некој кажа на социјалните мрежи: Да му аплаудираш на политичар е како да му аплаудираш на банкомат кој ти ги исплаќа сопствените пари кои си ги заработил“, смета Којо.

Смета дека граѓаните во целокупниот регион живеат во извртена реалност каде политичарите се ѕвезди кои ги креираат животите на сите нас.

„Луѓето треба да сфатат дека овој живот ни е даден да го проживееме, а не да и се воодушевуваме на таму некоја будала. Постојано ни велат за штедење, стефање каиш и мерки, а кога ќе се свртиме животот си поминал и што сме направиле? Ништо. Мора да го живееме животот во сегашниот момент“, вели српскиот актер.

Тој во интервјуто открива дека планира да си замине од Србија.

„Се подготвувам да се селам од тука, иако имам 52 години, за дестинација се уште не можам да говорам. Не мислам староста да ја минам овде, ниту моите деца да израснат во една ваква црна дупка која ги голта своите луѓе. Причината е сето ова лудило, беззаконие, анархија, сето она што го велат политичарите кои ни земаат од чинија, говорејќи дека тие нешто ни создале“, вели Којо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e