Камионот на смртта не пристигнал од Бугарија

Британската полиција соопштила дека верува дека камионот во кој се пронајдени тела на 39 лица стигнал во англиското пристаниште Пурфит со траект од белгиското пристаниште Зебриз.

Од полицијата на Есекс претходно објавија дека камионот пристигнал од Бугарија, но бугарското министерство за надворешни работи тврди дека возилото е регистрирано во Бугарија на 19 јуни 2017 година и ја напуштило државата еден ден подоцна.

Од министерството истакнаа дека возилото припаѓа на компанија која е во сопственост на жена од Ирска.

Во соопштението се додава дека камионот не се вратил во Бугарија воопшто по 20 јуни 2017 година.

Полицијата на Есекс соопштила дека во приколката на камионот се пронајдени тела на 38 возрасни лица и едно на тинејџер.

Во текот на денот е уапсен 25-годишен државјанин на Северна Ирска кој го возел камионот. Тој е обвинет за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e