Харадинај побара одложување на гласањето за прием на Косово во Интерпол

Кабинетот на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај соопшти денеска дека тој побарал одложување на гласањето во Генералното собрание на Интерпол за прием на Косово во светската полициска организација.

Со писмо до Генералното собрание, кое ја одржува годишната сесија во главниот град на Чиле, Сантјаго, Харадинај бара, поради „новонастанатите околности“, односно изборите кои се одржаа во земјата предминатата недела, оваа година да не се гласа за барањето на Косово за зачленување во Интерпол.

„Имајќи ги предвид новонастанатите околности, поаѓајќи од моите надлежности како вршител на должноста премиер, денеска побарав одложување на гласањето за зачленување на Косово во Интерпол за идната година“, се вели во соопштението од кабинетот на Харадинај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e