Ѓуриќ: Курти не престанува да ги гази и навредува Србите

Директорот на Владината канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, истакна дека Албин Курти е опседнат со Србите и Србија и не престанува да гази и да го навредува српскиот народ во Косово со неговата изборна волја.

Можеби Курти ќе најде партнери во Рада Трајковиќ и Ненад Рашиќ за да ги постигнат своите големо-албански цели, но тоа нема да бидат српски политички претставници, рече Ѓуриќ во писмената изјава.

Ѓуриќ посочува дека флертувањето на Курти со Трајковиќ и Рашиќ, кои од српско во себе имаат само име и презиме, не можат да ја сокријат и маскираат својата омраза кон сè што е српско.

На последните избори, на „Српска листа“ и беше дадено ексклузивно право да ги артикулира српските државни и национални интереси на Косово и Метохија, и никој, дури ни Албин Курти не може да ја лиши од тоа право, порача Ѓуриќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e