Двегодишно дете починало заради изгладнетост: Родителите вегани обвинети за убиство!

Брачен пар од Флорида е обвинет за убиство на својот 18-месечен син кој починал од последици на изгладнетост.

Полицијата соопштила дека детето било тешко само осум килограми, што е просечна тежина за осуммесечно бебе.

Големата порота на округот Ли ги обвинила Рајан Патрик О Лири и неговата сопруга Шила О Лири за убиство од прв степен и тешко злоставување на дете. Мајката во септември повикала брза помош кога забележала дека нејзиниот син отежнато дише, се наведува во полицискиот извештај.

Мајката тврди дека се обидела да го оживее, но детето починало пред екипите на брза помош да пристигнат.

Двојката при давањето изјави навеле дека се вегани и дека единствено конзумираат овошје и зеленчук.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e