Бројката на заразени од коронавирус во Грција се искачи на 45 лица

Бројката на заразени од новиот коронавирус во Грција се искачи на 45 лица, откако денеска беа официјално потврдени уште 14 нови случаи, 11 од нив дел од групата што била на аџилак во Израел и Египет, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 45 случаи на Ковид-19 во Грција, 17 лица се хоспитализирани, од кои едно е во сериозна здравствена состојба, додека пак останатите се во домашна изолација.

Како што објасни претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје професорот Сотирис Циодрас, на денешниот брифинг со новинарите, од новвите 14 случаи, 11 лица биле дел од поклоничкото паутвање во Израел и Египет, додека пак останатите три случаи се од контактите на заразените.

Според информациите од Грција, станува збор за стјуардеса која била во авионот со групата и уште две лица.

– Ова е очекувано ширење на вирусот во затворен простор, функционира како што функционираше епидемијата во Кина, кога во едно семејство се заразуваа еден со друг членовите на семејство. Тука имаме членови на група, кои беа заедно во затворен простор, во автобус и го проширија вирусот меѓу себе, но и на некои нивни контакти, за среќа ограничени, рече Циодрас.

Од потврдените 45 случаи на Ковид-19 во Грција, 34 лица се дел од група од 54 патници што заминала за Израел и Египет на аџилак патување во Светата земја и планината Синај, а на 27 февруари 2020, се вратиле во Грција. Од конкретната група завчера беа потврдени два, а вчера 21 позитивен случај.
Професорот Циодрас истакна дека она што е важно е дека нема знаци дека вирусот се шири во општеството или дека се пренесува од непознат извор.

– Епидемијата на стравот е полоша од коронавирусот. Потребна е смиреност од сите нас. Работите да ги гледаме и да продолжиме да ги гледаме смирено и да не шириме епидемија на паника, која ќе има огромна општествена и економска цена, порача професорот Циодрас.

Министерството за здравстрво на Грција, како што соопшти Циодрас, одлучи да се продолжат на две седмици превентивните мерки, соопштени завчера во трите региони во Грција (Илиас, Ахаиас и Закинтос), според кои се затворени училиштата, кината, театрите, археолшоките локалитети и музеите и сл.
Парлалелно, се откажуваат сите организирани екскурзии за учениците кон овие региони, а се продолжува и по 13 март, на неодредено време мерката што предвидува забрана за образовни екскурзии во странство.

Спортските екипи од конкретните три региони кога ќе играат на гости, а натпреварите ќе бидат без публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e