УКИМ да му ја одземе научната титула на Иванов

Иванов со своето однесување е срам за УКИМ но и за сите други универзотети кои му доделија почесна титула.
По се што прави, во светот со право се прашуваат: Ако ова ви бил еден од подобрите доктори на политички науки на УКИМ, кој предавал политички теории, политички ситем и демократија тогаш какви ли ви се другите?
Човекот закитен со научна титула не знае ниту Уставот да го прочита а камо ли да го разбере. Не разбира кои му се надлежностите и должностите на Претседателот на државата. Не разбира што значи признавање на резултатот од одржани парламентрани избори. Не разбира што значи право на парламентарно мнозинство за составување влада. И не разбира кое е значењето на државата на стратешките партнери на Македонија како САД и ЕУ.
Срамно себе се нарекуваше некакава „smart power„ или умна моќ затоа што бил претседател на држава со докторат, како Војислав Шешељ а се покажа како прилично неписмен поданик на една криминална банда, кој со своето политичко однесување ја срами и научната титула и Универзитетот од кој доаѓа.
По сетоа ова веројатно ќе влезе во категоријата на доктори „скаракамишевци или главоклимовци со Устав и со право„
И затоа УКИМ би требало размисли сериозно, по сите срамови што има ги нанесува Иванов и таквите како него, да им ги одземат научните титули за понатаму да не го срамат Универзитетот.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e