Тврдокорните омекнуваат трипати

Тврдокорен, а омекна. Ѓорѓе Иванов. Претседател. Помек од мекица стана, кога мечката му влезе дома. Хојт Ји. Тој нема врска со Брус Ли, освен што е жолткаст како него, има коси очиња и тепа лоши типчиња. Ѓорѓе со својот ограничен ум, конечно ја сфати пораката: Дошло доба, да се плати глоба и затвор да се проба. Хојт Ли не дојде да го убедува и моли да го даде мандатот за нова влада на Заев. Му нареди да го даде. Дури и му го напиша соопштението за јавноста.

Новинарка на ТВ Сител беше доволно глупава да го праша Хојт Ји дали Трамп знае за неговата посета на Ѓорѓе и на Македонија. Го збуни со прашањето. Се најде во небрано. Глупавоста парализира кога разумен човек ќе се најде пред неа. Што да каже, а да не ја навреди? Пропагандата на Груевски не ги оглупави само неговите тврдокорни насилници, туку и новинарите во пропагандистичките телевизиите како Сител. Дали Трамп знаел за Хојт Ли дека е во Македонија? Не бе, Трамп поим нема. Он дознал за Хојт Ли дека е во Македонија од вестите на Сител, кои редовно ги гледа во Белата куќа, по препорака на Мирка ЦИА Велиновска.

Не омекнува само ДУИ од еден телефонски повик. И Ѓорѓе од таков повик омекна, вечерта за време на линчот, кога се попишмани да прогласи воена состојба. Само не се знае дали Трамп му дал дозвола да се јави на тој што му се јавил на Ѓорѓе. Него, трипати до сега го ставија во омекнувач. Кога ја укина аболицијата на криминалната банда на Груевски која сам им ја даде, кога сакаше да прогласи воена состојба и  сега кога го посети Хојт Ји да го убеди да го даде мандатот на мнозинството ко што е ред во демократиите. Меѓу првото и второто омекнувавање, глумеше неколку месеци тврдокорен патриот и им го креваше адреналинот на будалите кои веруваа дека е херој и непопустлив водач пред големите сили, кој го кажал историското НЕ.

Претседател на држава којшто седнал во скутот на партиски лидер и не смее ни да прдне без негово знаење, не може да биде ни претседател ни тврдокорен, туку МЕКУШ, каков што е. Претседател којшто се продал на корумпиран партиски лидер, утре може да го купи кој сака, најчесто за поефтино. Таквиот претседател не може да биде чесен патриот. А будалите сепак поверуваа дека мекушот е херој. Тоа е резултатот од десетгодишното перење мозок на од груевистичката пропаганда. Најсетне таа пропаганда ги натера и да си ги окрвават рацете.

Глупаци. Сите лаги со кои ве клукаа Груевски, Иле Гебелс, Латас, Мирка, Миленко, Јанко Бурекот, во месеците што доаѓаат, ќе направат да се срамите од себе и да ги избегнувате луѓето на кои до вчера им се силевте со вмровштината и патриотизмот. Ако остана трошка срам во вас. Џабе пишувавме со месеци, дека е имбецилно да се надевате Трамп да го спаси ДПМНЕ и груевистичката Македонија од Сорос и странските жолти комбиња. Пишувавме дека САД никогаш не импровизираат при изборот на претседател. Тоа само нам ни се чини дека е изненадување изборот на Трамп. Трамп не е случајно избран. Таа империја е премногу скапо платена за некој да импровизира со нејзината иднина. Оттука и американската надворешна политика не е импровизација. Таа е стабилна, зашто има долгорочно воспоставени цели и интереси во разни региони во светот и ако решила да смени некој како Груевски зашто не го исполнил она што им го ветил како на примарен сојузник и заштитник на Македонија, ќе го смени, па мајка Јана. Ни Ѓорѓе ни бате Саше, ни Ќосето ни Тврдокорните, тука ништо не можат. Научете ги овие лекции веќе еднаш, пред да се решите на нова глупост против својот народ во слава на неаболицираниот криминалец Груевски.

Како сте денес Тврдокорни? Не ви е малку непријатно сега кога знаете колку добро изгледате на снимките од камерите во Собранието, во улоги на ќосиња и патриоти? Им префрлавте на Шарените што ги боеле фасадите со боја. Што правиме со тоа што вие на 27 април ги боевте ѕидовите на тазе реновираното Собрание со крв? Затоа сега сте славни личности, филмски ѕвезди, ве виде цела Македонија и пошироко, само штета што и МВР покажа интерес за вашиот филм. Го гледа по стопати. Не е на арно кога во МВР те гледаат на снимка повеќе од еднаш и те заокружуваат со црвен фломастер! Мислите милиот Груевски ќе ве спаси?

Нема да ве спаси?  За него сте потрошна роба. Куртони. Најди, наври, фрли! И како може да ве спаси оној за кого веќе нема спас. Тој самиот не може да се спаси, па друг ќе спасува. Само ве навлече ко вошки на крв во негова одбрана, откако ве полуде со приказните за загрозеноста на Македонија од странски служби. Што мислите како е оној деденце на професорката во Корчагин, кој ја влечеше Шеќеринска за коса? За покачување на пензијата од петсто денари и за љубов на Груевски, наместо да биде со внуците и правнуците, сега ќе го влечкаат ко крпа по судови и ќе заврши во затвор. Каков резил, на осумдесет години да те пикнат во затвор за физички напад на жена-пратеничка. Треба да си идиот. Исто како и неговата внука-професорка која на твитер јавно го пофали неговиот напад на жена, како самата да не е жена: Браво деденце и го зеде скалпот! Се гордеам со тебе! Вака и баба ја влечеше? Пореметено.

Еееееј, професорка во Корчагин. И со неа уште стотина од разни еминентни професии: доктори, архитекти, професори, новинари на Дневник, Сител, Вечер, Република, Алфа, Канал 5, по социјалните мрежи со овации го коментираа линчот на пратеници во Собранието и обидот да се предизвика граѓанска војна за да му се овозможи подобра преговарачка позиција на Груевски во пазарењето за неговата слобода. Луѓе со ампутирана свест и совест. Како му успеа на Груевски за десет години да да создаде илјадници психопати кои не можат да решат обичен логичен проблем: Ако станот  на соседот под мене гори, дали може да се запали и мојот? Ако некој владее неправедно со насилство и страв, дали неговата неправда и насилството утре ќе ме стигнат и мене или некој мој близок? Неспособноста да се следи оваа логика е одлика на МОРАЛНО ГЛУПАВИТЕ ЛУЃЕ, а од нив лесно можеш да создадеш психопати.

Пратеничката и коалиционен партнер на Груевски, Владанка Авировиќ, само што ја внесле во возилото за евакуација од Собранието, се пожалила дека некој & ги изгазил чевлите. Ако тврдокорноста ја изедначуваат со неспособноста да сочувствуваш со страдањата на ближниот, тогаш ова е тоа. Додека Тврокорните газеа по главите на пратениците, Авировиќ ја згазнале на чевелот. Подобар опис на психопат не постои. Каква жена може да ликува кога некој тепа и влече за коса друга жена? Како што ликуваше една новинарка на фејсбук. Или друг статус на фејсбук од тврдокорен тепач : Да се шутира Села во глава! Непроценливо! И после упадот во Собранието не бил обид за линч и државен удар. Со какви луѓе сме живееле години наназад? Секој нормален кога ги чита или слуша овие изјави паѓа во шок. А тие се гордеат со своите недела. Лудаците накотиле лудаци.

Целата колумна на Сашо Тасевски за “Ливада” прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e