Предлогот Република Горна Македонија е бесмислен предлог кој нема врска со здравиот разум

Нимиц требаше да биде сменет како преговарач уште после првите неуспешни години.

Јас навистина не можам да ја разберам упорноста да се користат неуспешни кадри и да се очекува било што паметно од некој кој тапка во место веќе две децении.

Предлогот Република Горна Македонија (ако е ова навистина предлог со кој ни дошол Нимиц) не е недостоинствен предлог. Ова е едноставно бесмислен предлог кој нема врска со здравиот разум.

Вардарска или Северна Македонија (се разбира разделени) со барање грчката провинција Македонија да се преименува во Јужна или уште подобро Егејска Македонија е супер.

Македонија е географски поим кој треба точно да биде дефиниран во името на секоја административна целина која претендира на негова употреба.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e