Мијалков и Груевски се шират и во нафтениот бизнис a земјоделците трпат за леб

Ова e безобразно поигрување со маката на земјоделците коишто трпат за леб, додека Мијаков и Груевски се шират и во нафтениот бизнис, а нив ги штитат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и Ѓорге Иванов кој противуставно не го доделува мандатот за состав на Влада на мнозинството во Парламентот.

Да имаше нова Влада, во овие 110 дена, земјоделците веќе ќе почнеа да добиваат и зголемени субвенции. Ќе земаа 30% повеќе за секое ново грло и 20% повеќе за секој нов хектар. Ќе имаа зголемени субвенции и за нафта, односно веќе ќе беше воведена и поевтината земјоделска, или зелена нафта.

Земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување ќе беа ослободени од плаќање данок. Доцнат и реформите за младите фармери кои си заминуваат од земјава секој ден. Тие ќе добиваа државна поддршка при купување на прво стадо, ќе имаа зголемени субвенции и ќе беа ослободени од закуп на државно земјоделско земјиште и тоа можеби ќе ги предомислеше да не го напуштат семејството и да не го бараат излезот надвор од Македонија. Ова се само дел од мерките со што новата реформска Влада можеше веќе да им помогне на земјоделците.

Татјана Прентовиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e