Луѓево како прв пат да излегле од некоја пештера во која биле затворени илјадници години

Треба нови избори на кои само вмро ќе победи зашто така е ред и народот е освестен. Еу нема што да ни се меша.” Па од што ќе живеете бе чисти Македонци? Што произведувате и што создавате, побегнавте од нивите, а “клетите шиптари” работат десет пати повеќе од сите вас.

Од европски фондови пола Македонија се храни. Вистинскиот работен народ квичи и стенка од мака под вашите административни нозе.Сами ги осквернавивте Коневски, Јаневски, Рацин, а ваму јазикот го браните…

Бог да чува луѓево како прв пат да излегле од некоја пештера во која биле затворени илјадници години. Кој и што да ни земе?! Најплодната земја престорена во индустриски зони? Загадениот Охрид? Дојранското полно со фекалии, Скопје со смртоносен смог, барок од картон и лајнен Вардар, Водно искасапено на пола, испразнетите села, источна Македонија испразнета од луѓе продадена на странци, вашите кредити за гаќи и леб. Што да ви земат? Се е земено….

 Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e