Иванов е нашиот Милошевиќ

Со одбивањето да им дозволи на Албанците да бидат дел од идната влада, Иванов по нарачка на Груевски директно го крши Охридскиот рамковен договор и Уставот кои гарантираат еднаква застапеност.

Со неговата одлука за недоделување мандат тој реално ја враќа Македонија во состојбата од пред 2001 година и провоцира нов меѓуетнички судир.

По одбивањето да дозволи Албанците да бидат дел од влада и преку институциите да ги остваруваат своите слободи и права Иванов и Груевски ги присилуваат на вонинституционално делување, и го легализираат нивното право да се сепарираат и да формираат еден вид држава во држава како на тоа што ги натера Милошевиќ Косоварите.

Иванов и Груевски во овој момент не ја бранат ниту унитарноста ниту суверенитетот на Македонија. Тие ја поттикнуваат федерализацијата и создавањето држава во држава ,за не дај боже, ако тоа почне да се случува да кажат дека тие токму против тоа се бореле како Милошевиќ.

И затоа во моментов тие не се патриоти туку обични потпалувачи на воен судир во Македонија и поттикнувачи на сепаратистички активности.

Нивната понуда да подржат влада на СДСМ без Албанци е инструмент од истиот арсенал на Милошевиќ кој неславно заврши во Хаг.

За жал. Како и во времето на Милошевиќ нема ниту еден јунак во тоа друштво ниту политички или медиумски партнер да им каже на Иванов и на Груевски дека оваа политика е опасна и за нив лично и дека никој со таква политика не победил на Балканот. Никој нема да им каже дека за ова еден ден ќе им се суди, само ако заради нив настрада еден единствен човек.

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e