Денеска коректно и демократски би било преку видео врска да се обратат Субрата Рој и Сеад Кочан

Денеска коректно и демократски би било преку видео врска да се обратат Субрата Рој и Сеад Кочан.

Може и Груевски да се обрати.

Да каже нешто за провизијата од жолтите, дали Трансмет работи на истиот тој автопат како прв подизведувач, да им објасни како се купува плац за багателна цена преку фирмата на кумот, па како уште побагателно се шитка на некоја од илјадниците Белизе фирми на Орце.

Со плачлив глас да им каже како со плата од 1433 евра месечно штедел 10.000 евра месечно.

Со помалку кашлање да објасни дека првата слобода ја доби гласајќи за СЈО.

Нека удри со тупаница на маса и потсети за судбината на А1 и семејството Рамковски.

Нека раскаже за 24 Декември, кај беше, кој седеше до него (таа бомба цел живот ќе ми фали).

Потоа на крај, на насобраните нека им ветува платформа во која земјата е рамна, криминалот оправдан ако отвориш медиум, платформа во која на меѓународните партнери пред нив се поклонуваш до земја и лигавиш, а дома им вадиш слики во некролози.

На Макеоднија не и треба оф-шор платформа. Не и треба ниту тиранска. На Макеоднија и треба, а таква има, програма на Влада со јасен реформски и евроатлански пат.

Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e