Нова епизода во разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Откако ја почна процедурата за развод, Анџелина Џоли го блокираше повиците од телефонскиот број на Бред Пит и ги прекина сите контакти со него – пишува Us Weekly.

Изворот на Us Weekly вели дека Бред тешко се снаоѓа во новата ситуација.

– Таа и претходно се заканувала со развод но тој не очекуваше дека навистина тоа ќе го стори. Уништен е, емоционално погоден. Се уште ја сака Анџелина и смета дека ќе беше подобро да се обидеа да го сочуваат бракот – вели изворот.

Бред Пит наводно не ги видел своите деца цела недела.

Во текот на разводот, Бред и Анџелина нема да имаат проблем околу поделбата на имотот вреден 400 милиони долари.Тие имаат цврст предбрачен договор, според кој поделбата на имотот е јасна. Но, војната ќе се води околу децата бидејќи и двајцата родители бараат старателство над нив.

Всушност, Бред бара заедничко старателство, а Анџелина ќе се бори децата да живеат кај неа.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e