Едниот на студентите ѓеврекот им го продава по 150 денари.
Другиот со фотографија на теле спасено од пожарите, украдена од интернет, ја манипулира јавноста за својата „способност“ да се справува со огнената стихија.
Третиот се фали дека токму тој е човекот кој го информирал Мицко оти недостигот на крави е главна причина за пожарите.
Не знам каква е состојбата со крави и телиња, ама во државава толку многу се намножија волови на раководни функции, што претставуваат сериозна опасност по нарушувањето на биодиверзитетот во Македонија!
ФБ став на Зоран Милошески
