Мадона закупила цело село во Грција за својот 68. роденден

Мадона својот 68. роденден го прославила во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, каде што за нејзината приватност биле преземени посебни безбедносни мерки, објавуваат грчките медиуми.
Поп-ѕвездата, заедно со семејството и пријателите, вечерала во традиционална таверна, каде што имало грчка музика и специјалитети. Групата пристигнала со црни комбиња во придружба на обезбедување, а во селото било распоредено и полициско присуство.
Според локални жители, од нив било побарано да ги затворат прозорците на куќите за да се обезбеди приватноста на пејачката.
Мадона вечерала во градината на ресторанот, а прославата била проследена со грчка музика и традиционално кршење чинии.
Таа претходно планирала да ја посети и црквата „Дева Марија“ во Курамадес, која била отворена специјално за неа. Сепак, поради големиот број луѓе кои се собрале во селото, посетата била откажана.
Неколку дена претходно Мадона престојувала и во Метеори, каде што пристигнала со хеликоптер од Крф во придружба на околу 12 лица. Таму го посетила манастирот Варлаам, кој бил отворен специјално за неа и нејзината придружба.
Во манастирот имала средба со игуменот Бенедикт, со кого, според сведоштво на монах, разговарала за духовни теми, побарала совет и се интересирала за бројаницата што ја држел во рака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e